На 13 јуни 2013 година во Скопје се одржа презентација на студијата „ Искористување на ИПА фондовите за ромските заедници во Македонија“ што беше направена во рамките на иницијативата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“.
Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС и автор на истражувањето, ги презентираше главните наоди и заклучоци. Според истражувањето, доделени се два проекти (на странски организации/компании, за обезбедување услуги) со вкупна вредност од 628,623 €, што е само 1.5% од таа компонента ИПА 1 2008 компонента (и 26% од поткомпонентата за Демократија и основни права за таа година) или само 0.4% од вкупните ИПА средства договорени до крајот на 2011.