Визијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС е мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално.МЦМС предводи и поттикнува промени со нови и алтернативни решенија на општествените проблеми.
МЦМС е водена во својата работа преку принциипите на партиципација, транспарентност и одговорност, партнерство, толеранцијата, претприемништво, одржливост, еднакви можности.
Целната група на МЦМС се: жени и девојки, етнички и верски заедници, децата и младите; селаните; лицата со посебни потреби, маргинализирани групи. Приоритетот е ставен на групите со неколку нивоа на маргинализација. Целната област на МЦМС е на целата територија на Република Македонија, а дел од активностите се реализираат во регионот на Балканот.
Иницијатива за социјална промена – ИнСоК е здружение на граѓани формирано во март 2009. Визијата на ИнСоК е НАДГРАДУВАЊЕ на секој поединец и општеството во целина, што подразбира подигање на вредностите кон одржлив развој на демократските вредности, владеењето на правото/законот, човековите права и човековиот капитал, преку социјална промена и правичен национален развој.
Работата на ИнСоК кон вклучува работа на промени на социјалните структури, однесувања, релации, групи и движења, како и нормативни промени насочени кон надградување на вредностите.
Целта на ИнСоК е секој поединец во општеството да го достигне својот максимален потенцијал во индивидуалниот развој, а воедно општеството составено од такви реализирани единки да функционира хармонично и во насока на заеднички одржлив развој. Во својата работа ИнСоК ги користи веќе проверените пристапи на активно граѓанство како и иновативни и модерни методи.
Основен принцип во работата на ИнСоК е да ги применува вредностите кои ги промовира: демократија, владеење на правото, човекови права и човеков капитал, почитувајќи го пристапот базиран на права, кој вклучува директна врска со човековите права, одговорност во работата, јакнење на поединците и групите и нивно учество во работата, и еднакви можности, со посебен фокус на ранливите групи, особено Ромите.
Преземете го формуларот за проектни идеи Пополнетиот формулар испратете го на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.