Генерирање проекти

Основната улога на ПРФ како алатка е да им помогне на потенцијалните корисници на ЕУ фондови кои немаат доволно искуство во подготовка на предлог проекти како и човечки и финансиски ресурси и на тој начин да придонесат кон развојот на капацитетот на ромските заедници и да овозможат проектите во полза на Ромите да бидат одобрени. Една од главните активности предвидена во склоп на ПРФ е генерирањето на проектни идеи, преку поддршка во процес на составување и поднесување на предлог проекти да се развијат во апликации за проекти кои ќе придонесат кон вклучување на Ромите.

Можете и вие да придонесете! Поднесете проектна идеја пополнувајќи го формуларот за проектни идеи.

Поддршката во процес на составување и поднесување на предлог проекти во рамки на проектот Пристап на Ромите до Фондови (ПРФ) се спроведува од страна на испорачатели на услуги (ПРФ-ИУ). ПРФ ИУ работат со ПРФ корисници за развој на предлог проекти во корист на Ромите за финансирање од ЕУ. Во ПРФ под корисници се подразбираат организации кои конкурираат со проекти за ЕУ фондови независно или во партнерство, вклучително централни и/или локални институции, јавни услужни организации, формални и/или неформални организации на граѓанското општество (особено ромски), меѓународни организации и приватни претпријатија.

Избраните ПРФ ИУ во рамки на проектот Пристап за Ромите до фондови се: Џулијета Мемедова, Даниел Петровски, Фатима Османовска, Ристо Карајков, Рамчо Кундевски, Нешат Аземовски, Мила Царовска, Катерина Миленкова -Трајчева, Зурија Саит, Драгана Митровиќ, Ерол Адемов, Елвис Фазлиоски, Дениз Османи.

Поднесете идеја

formular

Преземете го формуларот за проектни идеи Пополнетиот формулар испратете го на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Партнери

mcms-logoinsoc-logo