Пристап на Ромите до фондови (ПРФ) е една компонента од МтМ проектот. Основната улога на ПРФ е да им помогне на потенцијалните корисници на ЕУ фондови кои немаат доволни човечки и финансиски ресурси како и искуство во изготвување апликации релевантни за Ромските заедници. Преку асистенција за подготвување на предлог-проекти, обуки, и застапување, ПРФ бара решенија за проблеми како што се: недоволната застапеност на приоритетите на Ромските заедници на локално ниво, недостатокот на ресурси и искуство на Ромските заедници, и комплексните бирократски процедури кои го блокираат пристапот до ЕУ фондовите.
ИОО ги избра Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Иницијатива за социјална промена (ИнСоК) како национални партнери за да го спроведат овој прокет во Македонија. Преку ПРФ, ИОО ќе им овозможи на партнерските организации да им понудат асистенција на потенцијалните корисници на проекти за Ромските заедници. Оваа асистенција вклучува: генерирање проектни идеи; поддршка за подготвување на предлог-проект; и поддршка во пријавување на апликации за финансирање.
Проектната цел е: Зголемено и трајно општествено вклучување, капацитети и партиципација во развојните процеси на Ромите во Македонија, со особен фокус на интеграција, недискриминација и десегрегација. Вклучувањето на Ромите во сите фази од проектите е главно во преложената интервенција.
Преземете го формуларот за проектни идеи Пополнетиот формулар испратете го на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.