Ромските организации подготвуваа проекти

Создадено: 01 Август 2013

Дваесет и девет учесници од ромските организации Баирска светлина и Биосфера од Битола, Рома прогрес-РРМЦ од Виница, Сумнал, ЛИЛ, ИДЕА, Филео, Амбрела и Романо Ило од Скопје, како и Младински клуб, ХКУЗЖА “Романи Асвин“ и Хуманитарното здружение на млади Роми од Штип на 30 и 31 јули 2013 година во Скопје учествуваа на Работилница за подготовка на предлог проекти кои ќе бидат поднесени до различни донатори во  Република Македонија.

IMG 8268

„Од оваа работилница сум задоволна бидејќи сметам дека со помош на консултантите ни се пружи можност за поефикасна работа, со цел да постигнеме поефективни и поефикасни резултати при подготвувањето на нашите апликации “, вели Елиза Османова од Рома прогрес-Регионален Ромски Мајчин Центар од Виница. Според неа, ова е добар начин за изготвување на одлични апликации со запазена форма и содржина, се со цел идеите на Ромските организации да бидат прифатени од страна на донаторите и имплементирани.

IMG 8264

И во Младинскиот клуб од Штип се задоволни од работилницата за подготовка на проекти. „Освен стручните аспекти од областа на подготовка на апликации, работилницата е одлична можност подобро да запознаеме меѓусебе и со активностите што ги спроведуваат нашите организации. На овој начин се создаваат можности и понатаму да соработуваме и да постигнуваме ефективни резултати претварајќи ги нашите заеднички идеи во конкретни апликации“, вели Хадис Арсланов од Младинскиот клуб од Штип.

IMG 8269

На работилницата, проектните идеи на организациите беа развиени во предлог проекти, а им беа дадени и инструкции за комплетирање на целокупната документација потребна за аплицирање. Оваа иницијатива се реализираше во рамките на програмата Пристап на Ромите до фондови (ПРФ), финансиран од ОСИ Будимпешта, со која МЦМС придонесува кон градење на капацитетите на Ромите во Македонија за нивна одржлива општествена инклузија.

Работилницата ја фацилитираа Валентина Чичева од МЦМС и Самет Скендери од Иницијатива за социјална промена (ИнСоК).

Поднесете идеја

formular

Преземете го формуларот за проектни идеи Пополнетиот формулар испратете го на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Партнери

mcms-logoinsoc-logo