Отворен е конкурс за испорачатели на услуги за подготовка на апликации за ЕУ и други фондови во рамки на проектот Пристап на Ромите до Фондови (ПРФ) Македонија, кој се спроведува од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Иницијатива за социјална промена (ИнСоК), како дел од програмата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МтМ) на Фондацијата Институт Oтворено Oпштество, Будимпешта. Ангажманот на испорачателите на услуги во Македонија е за период од 12 месеци, при што бројот на денови на ангажман ќе се договара врз основа на контекстот/потребите и покажаниот успех во работата на испорачателите. Целта на ангажманот е работа со „корисници“ за развој на предлог проекти во корист на Ромите за финансирање од ЕУ и други фондови. Под „корисници“ во ПРФ се подразбираат организации кои конкурираат со проекти за ЕУ и други фондови независно или во партнерство, вклучително централни и/или локални институции, јавни услужни организации, формални и/или неформални организации на граѓанското општество (особено ромски), меѓународни организации и приватни претпријатија.