Одбиени проекти

Подобрување на учеството на жените Ромки на пазарот на трудот

Година: 2013

Организација: Македонска Фондација за развоја на претприемништво

Наслов: Подобрување на учеството на жените Ромки на пазарот на трудот

Локација: Скопје, западниот регион (Гостивар, Дебар, Тетово) и Источниот регион (Делчево, Берово, Пехчево)

Опис: Интеграцијата на жената Ромка и нејзиното вклучување на пазарот на трудот останува како еден од главните предизвици во земјава. Според статистичките податоци на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност од 28,8% на национално ниво е една од највиските во регионот. Исто така, 38,5% од невработените се жени. Според последниот ЕУ извештај 2013 “може да се забележи мало подобрување кај жената Ромка, а дисктиминаторската традиција и стереотипите остануваат“ . Според ЕУ извештајот од пролетта 2013, има зголемување на алоцираниот буџет за имплементација на стратегијата за социјално вклучување на Ромската популација, но сепак “ најмногу од алоцираните фондови се за културни, здравствени и социјални активности, а финасиските алокации за програмите поврзани со активните мерки за вработување останале на ниско ниво“. Имплементацијата на оперативните планови за вклучување на Ромите е бавна. Од овие причини, има потреба од дополнителни активности за интеграција на Ромската популација.

Донатори: Развој на ИПА-човечки ресурси

Буџет: 179.272,00

Поднесете идеја

formular

Преземете го формуларот за проектни идеи Пополнетиот формулар испратете го на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Партнери

mcms-logoinsoc-logo