BBI Consortium обезбедуваат техничка помош на имплементацијата на проектот Поддршка за имплементацијата на Стратегијата за Ромите, финансирана од инструментот за предпристапна помош (ИПА), програма 2007 од Европската Унија.
Општата цел на горенаведениот проект е да го зајакне институционалниот капацитет на координативните структури за имплементација на националната Стратегија за Ромите и Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015, со цел да придонесе кон подобрување на состојбата на Ромите во земјата.
Целите на проектот се:
Проектот се состои од две компоненти:
Во рамките на проектот на 8 ноември е објавен повик за Финансиска поддршка за имплементацијата на локалните акциони планови, која е наменета за општините кои имаат развиено локални акциони планови за имплементација на Стратегијата за Ромите и приоритетите на Декадата за вклучување на Ромите.
Целта на финансиската поддршка е да ја поддржи имплементацијата на идентификуваните приоритети во склоп на ЛАП - овите преку финансирање на локални мерки кои се предвидени во акционите планови. Секоја обезбедена финансиска поддршка за проектна идеја идентификувана во склоп на оваа шема мора да е помала од следнава максимална сума: максимална сума: 3000 евра
Проценето е дека 15-20 предложени локални мерки (проектни идеи) ќе бидат финансирани во рамките на оваа финансиска поддршка. Една општина може да поднесе по една проектна идеја за секој од наведените крајни рокови.
Целни корисници на оваа активност ќе бидат општините кои што во моментов имаат барем еден локален акционен план за Роми усвоен од советот на општината во рамките на Декадата за Ромите. Според сознанијата од оценката на ЛАП-ови, тоа се следниве 14 општини: Битола, Делчево, Гостивар, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Пробиштип, Ранковце, Штип, Шуто Оризари, Тетово, Велес, Виница.
Во рамките на овој повик е планирана и поддршка во однос на идентификување и разработување на проектните идеи од страна на ПРФ Испорачателите на услуги. ПРФ експертите од иницијативата Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите бесплатно ќе ги поддржи општините во идентификување и разработување на нивните локални мерки насочени кон Ромите. Оваа поддршка ќе биде обезбедена од нивниот донатор – Фондација Отворено Општество, Будимпешта. Овие експерти ќе им пристапат на општините во периодот по објавувањето на финансиската поддршка, но пред да ги поднесат идентификуваните локални мерки.
Контакт информации за ПРФ:
Иницијативата за социјална промена (InSoc)
ул. Миладин Поповиќ 4-1a, Скопје 1000
+389 (0) 2 55 11 820
http://www.insoc.org.mk
Александра Бојаџиева
Превземете ги сите дополнителни податоци во однос на повикот.
Краен рок за поднесување на проектната идеја:
Една општина може да испрати една проектна идеја за секој од утврдените крајни рокови.
Преземете го формуларот за проектни идеи Пополнетиот формулар испратете го на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.