Краток опис на проектот
МЦМС и ИнСоК основаа конзорциум за проектот Пристап на Ромите до фондови(ПРФ) Македонија во рамки на програмата Да се направи најмногу со фондовите на ЕУ за Ромите (МтМ) на Иницијатива за локално владеење при Институтот Отворено општество (ИЛВ/ИОО). ПРФ Македонија се бави со ограничениот пристап и користење на ЕУ и други развојни фондови во корист на Ромите во Македонија. Проектот има за цел да ги зголеми капацитетите, учеството и пристапот кон вакви фондови за проекти кои придонесуваат кон зголемена и одржлива социјална вклученост на ромската заедница, со фокус на интеграција, десегрегација и не-дискриминација. Постигнувањето на оваа цел е преку обезбедување услуги за создавање проекти за корисниците.
Услови за работа на ПРФ асистент
Овој отворен повик е наменет за прибирање пријави на кандидати за позицијата ПРФ асистент на проектот ПРФ Македонија. Работата на ПРФ асистентот опфаќа општо управување на проектот ПРФ Македонија, односно на сите активности од проектот, вклучително поддршка и помош за реализација на работните задачи во ПРФ канцеларијата, редовна комуникација со ПРФ тимот, ПРФ испорачателите на услуги и ПРФ корисниците, административна работа (подготовка, испраќање и прием и архивирање на документи), организирање на активности, итн.
ПРФ асистнтот ќе биде ангажиран во периодот од 15 август 2011 до 30 ноември 2011, со можност за продолжување на ангажманот за една година, како и со можност за ангажман на други проекти на ИнСоК. Работното место на ПРФ асистентот е во ПРФ канцеларијата, односно во просториите на ИнСоК. Сите потребни средства за работа ги обезбедува ИнСоК од проектот ПРФ Македонија.
Критериуми за избор на ПРФ асистент:
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 10 август. Пријавата треба да содржи писмо на интерес и биографија (ЦВ), со кои се илустрира дека кандидатот ги исполнува критериумите. Пријавата треба да се испрати по електронска пошта на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Можно е кандидатите да бидат повикани на интервју во периодот од 10-12 август, а ќе бидат информирани за резултатите од изборот најдоцна до 15 август.
Кратка информација за МЦМС и ИнСоК
Визијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС е мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, Балканот и глобално. МЦМС поттикнува и води промени преку влијание и вгрдување на нови и алтернативни решенија за општествените проблеми. МЦМС во работата се води од принципите на учество, транспарентност и одговорност, партнерство, толеранција, претприемништво, одржливост и еднаков пристап. Целни групи на МЦМС се: жени и девојки, етнички и религиозни заедници, деца и млади, лица од рурални средини, лица со посебни потреби и институционално згрижени лица, маргинализирани групи. Приоритет претставуваат оние групи кои се соочени со повеќекратна маргинализација. Целната област на МЦМС е целата територија на Република Македонија, но дел од активностите се реализираат и на регионот на Балканот.
Иницијатива за социјална промена – ИнСоК е здружение на граѓани формирано во март 2009. Визијата на ИнСоК е НАДГРАДУВАЊЕ на секој поединец и општеството во целина, што подразбира подигање на вредностите кон одржлив развој на демократските вредности, владеењето на правото/законот, човековите права и човековиот капитал, преку социјална промена и правичен национален развој. Работата на ИнСоК вклучува работа на промени на социјалните структури, однесувања, релации, групи и движења, како и нормативни промени насочени кон надградување на вредностите. Целта на ИнСоК е секој поединец во општеството да го достигне својот максимален потенцијал во индивидуалниот развој, а воедно општеството составено од такви реализирани единки да функционира хармонично и во насока на заеднички одржлив развој. Во својата работа ИнСоК ги користи веќе проверените пристапи на активно граѓанство како и иновативни и модерни методи. Основен принцип во работата на ИнСоК е да ги применува вредностите кои ги промовира: демократија, владеење на правото, човекови права и човеков капитал, почитувајќи го пристапот базиран на права, кој вклучува директна врска со човековите права, одговорност во работата, јакнење на поединците и групите и нивно учество во работата, и еднакви можности, со посебен фокус на ранливите групи, особено Ромите.
Преземете го формуларот за проектни идеи Пополнетиот формулар испратете го на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.