Конференција за проектот „Пристап за Ромите до фондови“

Создадено: 18 Ноември 2010

Софија, Бугарија, 15-17.11.2010 г.

Од 15 до 17 ноември во Софија се одржа конференција на тема: Пристап за Ромите до фондови (ПРФ) на која учествуваа претставници на партнерските организации на истоимениот проект на фондацијата Институтот отворено општество (ИОО).

Цел на конференцијата беше споделување на искуствата на партнерските организации на ПРФ, подобро запознавање со разните стратегии на сите земји учеснички (Унгарија, Словачка, Србија, Бугарија, Чешка, Романија) за главната компонента на проектот – проектниот циклус и споделување на плановите за активностите за следниот период.

Конференцијата ја водеше Петра Ковакс, раководител на ПРФ проектот при ИОО во Унгарија, околу следните теми: стратегија за застапување на ПРФ и приоритети за 2011 и понатаму; дискусија за ОнН  за предлог проекти од националните партнери за периодот од 2011 до 2013 г.; политика за застапување на националните партнери во подготовка за периодот од 2014 до 2020 г.; дискусија за плановите/активностите на националните партнери.

Поднесете идеја

formular

Преземете го формуларот за проектни идеи Пополнетиот формулар испратете го на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Партнери

mcms-logoinsoc-logo